Македонскиот првак Еурофарм Пелистер, ќе биде ослабен за финишот од сезоната во Првата лига, откако сезоната заврши за Ненад Костески, додека Атанасиевиќ ќе паузира три недели.
Еурофарм Пелистер информираше дека Костески го скинал предниот вкрстен лигамент на деснотто колено, и ќе му биде направена хируршка интервенција и ќе го чека подолга пауза од 6-7 месеци, додека Атанасиевиќ има фрактура на носната коска, и ќе паузира до крајот на месец март.
Овие отсуства се голем хендикеп за Еурофарм Пелистер во битката за одбрана на титулата, ако се има во предвид дека во сабота играат против ГРК Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА