Хендикеп за Германците – се повреди Томас Милер

Германија ќе биде сериозно ослабена во продолжението од европскиот шампионат откако беше утврдено дека повредата што Томас Милер ја заработи на последниот меч со Португалија е од посериозен карактер.

Станува збор за проблем со лигаментите во коленото, па иако тие не се скинати, сепак лекарите категорично порачале дека Милер ќе мора целосно да мирува во следните денови за да не дојде до сериозна повреда што ќе значи и повеќемесечна пауза.

Асот на Баерн Минхен го пропушти денешниот тренинг и веќе е јасно дека тој нема да може да настапи на третиот меч од групната фаза против Унгарија. Доколку Германците се пласираат во осминафиналето (за што шансите се големи), дополнително ќе биде донесена одлука од медицинските лица дали тој ќе може да настапува во втората рунда, иако шансите за негов настап во осминафиналниот меч се минимални.

Се вчитува...