Хендикеп за Реал Мадрид: Куртоа мора на пауза

Првиот голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа ќе мора да паузира 2-3 недели. Но, не поради испадот кон навивачите на Атлетико на вчерашното мадридско дерби, туку поради повреда.

Белгиецот го повредил адукторот на неговата лева нога на вчерашниот меч, па ќе мора да биде на пауза. Реал Мадрид засега не објави колку точно ќе паузира Куртоа, но се претпоставува дека ќе ги пропушти следните неколку натпревари, меѓу кои и оној во ЛШ против Лил во среда на гости.

Куртоа и во оваа сезона се мачи со повреди. Минатата година имаше тешка повреда поради која паузира до пред крајот на сезоната, а се врати за неговиот тим во финалето во Лигата на шампионите. Неговото место на голот сега ќе го заземе Андреј Лунин, кој неодамна го продолжи договорот со „кралевите“.

Се вчитува...