Хенес: Сакаме Кејн да остане, но никогаш не знаете кога Саудијците ќе понудат големи пари

Почесниот претседател на Баерн Минхен зборуваше за иднината на Хари Кејн и кажа дека истата е неизвесна поради фактот што во последните години од Саудиска Арабија даваат многу пари за носење на познати играчи.

Кажа дека и покрај тоа што Англичанецот има договор со клубот до 2027, сепак, една понуда од Саудиска Арабија со многу пари би можела да промени се.

„Тој е под договор до 2027 година. Колку што знам јас, тој и семејството се чувствуваат убаво во Минхен. Но, никогаш не знаете кога од Саудиска Арабија ќе се појават и ќе понудат големи пари. Кејн може да игра на врвно ниво барем уште 3-4 години, затоа што е вистински професионалец. Постојано се фокусира на рехабилитација по тешките натпревари и работи со физиотерапевти“, изјави Хенес.

Се вчитува...