Баерн Минхен го искористи киксот на Борусија Дортмунд во последното коло од Бундеслигата за задржување на шампионската титула во единаесеттта година во низа, но успехот не го спречи отказот на раководните лица – Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ.
На оваа тема сега проговоре и почесниот претседател на баварците, Ули Хенес кој изјави дека назначувањето на Кан за директор бил погрешен потег.
„Кан е многу интелигентен човек и распавата со поранешниот голман беше забавна. Големо разочарување е тоа што мислев дека самостојно може да си ја изврши работата, но тој наместо тоа се опкружи со советници. Тоа беше грешка. Кан вербално го нападна својот наследник Јан Кристиан Дресен. Затоа и му беше советувано да не патува во Келн за да се избегне ескалација. Сепак имам многу почит кон него, постигна многу како играч. И покрај тоа што не ги исполни очекувањата како директор, моите врати му се отворени“, вели Хенес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

