Легендата на Баерн Минхен и на германскиот фудбал Ули Хенес, кој сега е во улога на претседател на „Баварците“, го коментираше трансферот на Ник Волтемаде во Њукасл од Штутгарт. Англискиот премиерлигаш плати за неговите услуги околу 90 милиони евра.
Претходно Волтемаде беше пред трансфер во Баерн Минхен, но двата клуба не можеа да се договорат околу отштетата, па на крајот Њукасл ги задоволи барањата на Штутгарт, и го зеде за голема сума на пари.
Хенес коментираше дека неговата вредност е преценета.
„Сакавме да го имаме Вирц во нашиот тим, но не можевме да извадиме за него 150 милиони евра. Неколку клубови си играат „Монопол“. Њукасл плати 90 милиони евра за Ник Волтемаде, за кого и ние бевме заинтересирани. Волтемаде не вреди толку, а Њукасл ги плати. Ние нема да ги фрламе парите туку така“, рече Хенес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

