Голема е веројатноста дека Алфонсо Дејвис, еден од најдобрите леви бекови на денешницата ќе замине од Баерн Минхен и кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.
Канадскиот репрезентативец влегува во последната година од договорот со германскиот гигант, а засега одбива да потпише нов договор. Потегот на 23-годишникот го прокоментира и почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес кој имал разговор со фудбалерот.
„Му кажавме многу јасно дека ако не сака да потпише нов договор дека ќе го продадеме“, изјави Хенес.
Дејвис во Баерн Минхен е од 2018 година. По година помината со „Б“ тимот доби доверба во првиот состав и умешно се наметна како еден од најдобрите фудбалери на неговата позиција во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА