Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, призна дека ќе беше подобро Томас Милер сам да реши да го напушти клубот. Наместо тоа, одлуката дојде од Баерн. Kлубот минатата недела објави дека на 35-годишниот нема да му биде понуден нов договор, а неговиот актуелен истекува на крајот од сезоната.
Засега нема најави од Милер за пензионирање, а не е јасно каде ќе ја продолжи кариерата. Први со интерес се јавија клубови од МЛС Лигата, како и од Турција, но нејасно е што ќе прави понатаму играчот кој целата кариера е во тимот на „Баварците“.
„Ќе беше подобро тој да ја донесеше одлуката, а не Баерн. Сум видел многу големи играчи како се пензионираа, Нецер, Оверат, Бекенгауер, Герд Милер, сите тие се откажаа затоа што не можеа повеќе да бидат добри како што сакаа. Не е доволно да се играат по 15 минути на 4-5 натпревари. Јасно е дека Милер засекогаш треба да биде врзан со Баерн Минхен.“, изјави Хенес
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА