Хенрик Мхитаријан ја донесе конечната одлука – ерменскиот ас ја напушта Рома и кариерата ќе ја продолжи во редовите на Интер. Челниците на „волчицата“ во изминатиот период се обидуваа да постигнат договор за продолжување на соработката со одличниот плејмејкер, но финансиските побарувања на Мхитаријан од пет милиони евра годишна плата беа пречка за да биде постигнат договор.
Највисоката понуда на Рома изнесуваше 4,2 милиони евра (загарантирана плата плус бонуси), во таборот на „волчицата“ не беа убедени дека Мхитаријан ги оправдал оние 20 милиони евра што ги заработи како нето-плата за изминатите три години, па ги одбија барањата на Ерменецот во завршната фаза од преговорите.
Весникот „Газета дело спорт“ објави дека Мхитаријан денеска ги известил челниците на Рома дека официјално ја одбива нивната понуда и ќе се пресели во Интер. „Нероаѕурите“ минатото лето на сличен начин го ангажираа Чалханоглу од Милан, а сега со ист рецепт ќе стигнат до уште две врвни засилувања од директни италијански ривали, Мхитаријан од Рома и Дибала од Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА