Хенес: Побаравме од Гвардиола совет за Компани, ветувам дека Баерн ќе биде шампион

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес даде неколку интересни изјави во врска со сегашноста и иднината на Баерн Минхен.

Тој рече разликата во тимот со Компани е „небо и земја“ од порано, и дека е убеден за шампионската титула. Призна дека му се јавиле на Пеп Гвардиола пред да го постават Компани за совет.

„Разликата сега со Компани во однос на порано е ден и ноќ. Тој е комуникативен и се грижи за своите играчи. Но, тоа не го знаевме порано. Затоа му се јавивме на Пеп Гвардиола и го прашавме за совет. Само ни рече дека можеме слепо да го земеме, и дека е убедек дека може да се справи. Навистина нема многу што стои на патот на успешните години во Баерн “, започна Хенес.

„Ветувам дека Баерн ќе ја освои титулата. Сега сме во одлична позиција, а нашите конкуренти се далеку зад нас“, рече Хенес.

Се вчитува...