Херанц – прв Аргентинец во историјата на Вардар

Раководството на Вардар го претстави и второто денешно засилување, па по Бразилецот Вилијан потпишан е договор и со Николас Хозе Херанц, кој ќе влезе во историјата како прв Аргентинец што го облекува дресот на „вардарци“. Херанц настапува на позицијата централен дефанзивец и ќе ја облече „шестката“ на Вардар, а претходно во татковината има настапувано за  Розарио Централ и Олимпо. Во Вардар ќе го носи дресот со број 6.

Потпишав за одличен клуб, и доаѓам во одличен град. Со нетрпение го очекувам мојот прв настап во мојот нов тим. Првите импресии ми се позитивни, и сега низ тренинзите и низ натпреварите ќе дадам се од себе да ги исполнам очекувањата од оние кои ми дадоа прилика да бидам дел од оваа екипа. Знам дека Вардар секогаш атакува на титули. Пред да дојдам тука истражував за овој тим, и можам да кажам дека сум импресиониран. Не беше тешко да се заклучи дека Вардар е најдобриот клуб во Македонија. Исто така ми соопштија дека ќе бидам првиот играч од Аргентина кој ќе настапува во оваа екипа, и драго ми е поради тоа“, изјави Херанц за клупската веб-страница.

Раководството на Вардар побарало сертификат од фудбалската федерација на Аргентина. Фудбалерот е навремено пријавен за натпреварите од Лигата на Европа против Пјуник, и веднаш по добивањето на сертификатот, Херанц автоматски ќе се стекне со право на настап во дресот на Вардар на официјални натпревари.

Се вчитува...