Тренерот на Турингер, Херберт Милер, спортски му ја честита победата на Вардар и на прес – конференцијата по натпреварот откри еден интересен детал – дека бил фан на Ирина Полторацкаја сега Дибирова.
„Да ја поздравам Ирина како наш нов колега, бев изненаден. Но, морам да кажам дека јас бев нејзин голем фан кога беше играч и и посакувам многу среќа во тренерската работа. Се надевам дека ќе биде исто така успешна и како тренер. Му честитам на Вардар. Ние не одигравме на потребното ниво, уште на стартот направивме многу технички грешки, не влеговме доволно агресивно во дуелот. Примивме 36 гола, а како игравме, можеше да биде и покатастрофално. Единствено на ниво беше нашата млада голманка Дина Екерле, сите други потфрлија. Вардар е силна екипа, не можев да поверувам кога видов што се случи минатата недела во Мец. Но ова е реалната слика за силата на Вардар кој според мене е еден од фаворитите за завршницата во Лигата на шампионите“ – рече тренерот на Турнингер, Херберт Милер.
Надмоќноста на Вардар на денешниот меч ја призна и голманката Дина Екерле.
„Честитки за тимот на Вардар за победата, победија повеќе од заслужено. Денеска нашата одбрана не беше добра, направивме премногу грешки и во нападот и во одбраната. Се обидовме да играме 7 на 6 , но имавме многу технички грешки. Вардар беше премногу моќен и агресивен, постигнуваше лесни голови. Играа брзо и моќно и славеа заслужена победа“ – рече Екерле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА