Андер Eрера кој е на излезна врата од Манчестер Јунајтед признава дека вината за лошата сезона мора да се бара кај играчите. Шпанецот кој летово си оди од „Олд трафорд“, во интервју за официјалната клупска страница особено се осврнува на Жозе Мурињо.
„Мурињо направи се, тој е голем менаџер и во првата сезона со него имавме голем успех. Затоа сега одговорноста е наша. Најлесно е кога е отпуштен менаџерот, вината да се префрли на еден човек. Но, ние мора да преземене одговроност. 75 проценти од вината е наша“ – признава Херера.
Андер Ерера се очекува за направи трансфер во Пари Сен Жермен. Тој во Јунајтед дојде во 2014 година, одигра 132 натпревари, постигнувајќи 12 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА