Херера стана шампион на БиХ

Борац Бања Лука се закити со титулата во фудбалскиот шампионат на БиХ, а еден од најзаслужните за големиот успех е поранешниот фудбалер на Работнички и Брегалница, Колумбиецот со македонски пасош Себастијан Херера.

Одличниот дефанзивец имаше фантастична сезона откако минатото лето пристигна од Кипар во БиХ, експресно наметнувајќи се како еден од клучните играчи во тимот на Борац. Екипата од Бања Лука вчера по голема борба славеше над Игман со 4-3, триумф со кој Борац на едно коло до крајот ја осигура третата шампионска титула во клупската историја.

Херера беше стандарден првотимец во текот на целата сезона, а фудбалерот кој професионалната кариера ја лансираше во Македонија е на добар пат и да биде избран за најдобар лев бек во шампионатот на БиХ.

Договорот на Херера со Борац истекува на крајот од оваа сезона, а интерес за колумбискиот интернационалец веќе покажаа неколку клубови од Европа.

Се вчитува...