Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Хери Винкс верува дека неговиот тим ќе избори место во плеј-оф рундата од квалификациите за групите во Лигата на Европа. Лондонскиот тим денеска во Скопје го очекува пресметката со Шкендија во желбата за продолжување на европскиот пат.
„Знаеме дека секој натпревар во ова натпреварување си има своја специфичност. Секако нема да биде лесен дуел, затоа што доаѓа и на почеток од сезоната во еден корона-период, но подготвени сме за Шкендија, и секако нашата цел е само победа“ – вели Винкс, притоа дополнувајќи:
„Во Македонија не смее да си го дозволиме ‘луксузот’ од Пловдив кога се доведовме во ситуација во последните минути да бараме победа во една изгубена ситуација. Сега мора да се потрудиме да биде поразличен натпревар во кој ќе доминираме“.
Натпреварот меѓу Шкендија и Тотенхем од 3. квалификациско коло во Лигата на Европа се игра вечерва од 20 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА