Арон Херисон е херој на Олимпијакос откако со звукот на сирената постигна тројка за победа против Макаби Тел Авив од 85-82 во натпревар од 5. коло во кошаркарската Евролига. Првото полувреме помина со две различни четвртини. Во првата подобро се снајдоа гостите, додека во втората домаќините изиграа неверојатно, па на пауза заминаа со предност од 44-40. Во вториот дел се играше цело време во „егал“, а Арон Херисон со звукот на сирената успеа да донесе голем триумф за грчкиот тим. Херојот Херисон мечот го заврши со 12 поени, додека најефикасен кај победникот беше Хасан Мартин со 16 поени. Во таборот на Макаби Скоти Вилбекин уфрли 18 поени.
Баерн Минхен со лудо второ полувреме успеа да стигне до изненадувачка победа на гостувањето кај Фенербахче (71-75). Турскиот гигант одигра феноменално прво полувреме во кое имаше плус дваесет (45-25). Сепак, Германците во вториот дел се надминаа самите себе. Одиграа неверојатни 20 минути во кои на противникот му дозволија само 26 поени и успеаја да направат целосен пресврт и да стигнат до победа од 71-75. Владимир Лучиќ со 18 поени беше прво име во таборот на „баварците“, додека кај поразените се истакна Јан Весели со 25 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА