Светот доби нов рекордер во алпско скијање. Неверојатниот Швајцарец Марко Одермат славеше во последниот велеслалом сезонава на завршница во Солде, Андора.
Одермат по двете трки имаше време од 2:19.64, и за дури 2 секунди и 11 стотинки го остави зад себе Норвежанецот Хенрик Кристоферсен. Трет заврши Марко Шварц од Австрија.
Со денешната победа Одермат го собори рекордот на легендарниот Херман Мајер кој до Големиот кристален глобус дојде со 2000 бода, а Швајцарецот сега на крајот од сезоната има 2042 освоени бода, што е нов рекорд во светското машко скијање.
Одермат сезонава имаше дури 22 подиуми на 26 трки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА