Тео Хернандез, поранешниот фудбалер на Милан во опширно интервју за „Газета“ говореше на разни теми. Дел од нив беа и за неговиот престој во Милано од 2019 до 2025 година пред да се пресели во Саудиска Арабија.
Хернандез откри дека го прифатил повикот на Милан поради легендарниот Паоло Малдини, неговиот идол, а откри и како Златан Ибрахимовиќ ги мотивирал на тренинзите.
„Денот кога (Малдини) ме повика да се видиме беше најдобриот ден во мојот спортски живот. Ми се приклучи на Ибица, разговаравме. Не можев да верувам. Ако постанав тоа што сум, а исто така и дефанзивец на Милан со најголем број на постигнати голови, тоа е се благодарение на него. Се уште сме во контакт. Неговиот дрес на кој напиша посвета „Тео, мојот достоен наследник“, ме чини емотивен“, откри Французинот.
Хернандез беше запрашан и каков е Ибрахимовиќ како соиграч, одговор кој го даде во само неколку зборови.
„Не тепаше на тренинзите. За неше добро“, кратко одговори искусниот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

