Бразилскиот клуб Сао Паоло до крајот на денот ќе се обиде да ги реализира трансферите на двајца одлични играчи кои подолг период настапуваа во водечки клубови од Европа. Ако за Бразилецот Хернанес и не е изненадување да се врати во татковината, откако не доби вистинска минутажа во редовите на италијанскиот првак Јувентус, тогаш евентуалното заминување на Холанѓанецот Робин ван Перси во Бразил секако ќе претставува изненадувачки потег.
Сао Паоло е подготвен да ги доведе овие двајца фудбалери на позајмица до крајот на сезоната, со можност за дополнително откупување на комплетните договори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА