Хернангомез: Младите место да „греат“ клупа во Европа, нека заработуваат милиони во САД

Хуанчо Хернангомез, репрезентативецот на Шпанија и кошаркар на Панатинаикос го даде своето мислење за популарната тема поврзана со заминувањето на европските таленти на колеџ во Соединетите американски држави.

За европската кошарка тоа е голем пораз со оглед на тоа што клубовите остануваат без „иднината“, но според Хернангомез тоа е голема предност за младите кошаркари кои наместо да дремат на клупа во клубовите ќе имаат шанса да го „живеат животот“ и притоа добро да заработат.

„Тие врати се отворија пред неколку години и мислам дека претставуваат фантастична шанса. Ако студентите на колеџ можат за четири години да ги обезбедат своите семејства, зошто да не? Како да кажете на тинејџер да не заработи милион или два? Треба да се ставите во нивна позиција, навистина е тешко да кажете „не“ на ваква понуда. Лесно е да критикувате, но тоа е работна позиција. Ќе го живеат сонот, а и НБА ќе им биде поблиску. Тука кој ќе им вети минути? Треба да ја искористат шансата и да научат нешто, тоа е животот“, изјави Хернангомез.

Се вчитува...