Македонија забележа фантастична победа на гостувањето против БиХ, прв триумф за нашата сениорска кошаркарска репрезентација по неколку години во кои беа бележани само порази. Заслужено, огромна беше радоста кај „црвено-жолтите“ по овој голем триумф, а задоволството е уште поголемо ако се знае дека победата ја забележавме благодарение на 16-годишната Милица Николиќ.
Една од најмладите во нашиот состав, доби шанса во завршната минута и својот прв удар кон противничкиот кош мајсторски, со лева рака го погоди со помош на таблата. Секоја чест на младата кошаркарка, но и на селекторот Ашаданов, кој во клучните моменти и укажа доверба на Николиќ, која максимално му возврати.
Погледнете ја клучната акција за победа на Македонија…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА