Избраниците на Вили Сањол доживеаја елиминација од Шпанија во осминафиналето 1-4, но ниту убедливата разлика при збогувањето со ЕУРО не го расипа впечатокот од игрите на Грузијците на турнирот.
Тоа беше првото големо натпреварување во историјата за овој тим. Грузија го постигна и првиот гол на големите натпреварувања, а успеа да ја забележи и својата прва победа – веројатно најголемата во историјата на грузискиот фудбал: против Португалија на Роналдо (2-0), со што тимот обезбеди пласман во осминафиналето.
Борбата, храброста, но и квалитетот на крајот и резултатот беа доволни за Квараскелија, Мамардашвили, Микаутадзе и компанија да влезат во срцата на сите нивни сограѓани во татковината. Таму им беше приреден божествен пречек, како вистински шампиони. Сцените од улиците на Тбилиси го обиколија светот.
✅Jugar la Eurocopa por primera vez como selección independiente
✅Ganarle a Portugal de Cristiano Ronaldo
✅Alcanzar los 8vos de final
✅Tener un recibimiento a la altura en la vuelta al paísGeorgia 🇬🇪 llenó todos esos casilleros en la #EURO2024.pic.twitter.com/zYIorcilN0
— VarskySports (@VarskySports) July 3, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА