Дел од фудбалерите на репрезентацијата, пристигнаа на плоштадот во Скопје, за да ги поздрават фановите кои се собраа во голем број да им честитаат на играчите за победата над Италија, и да им посакаат успех за дуелот со Португалија.
Многу фанови сакаа и да се фотографираат со играчите. На плоштадот пристигнаа Миовски, Ристовски, Николов, Трајковски, селекторот Милевски, директорот Масев, портпаролот Андоновски.
Фудбалерите се заблагодарија за дочекот.
„Голема благодарност за овој дочек. Можеме да ви ветиме дека и на следниот меч во Порто ќе го дадеме максимумот како и досега“, им се обрати на присутните капитенот Стефан Ристовски.
Претходно стотина фанови ги дочекаа играчите на скопскиот аеродром по доаѓањето од Палермо, град во кој Македонија го направи историскиот успех и ја совлада Италија, и сега е на 90. минути од пласман на Мундијал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА