Секој сака да го почувствува победничкиот дух кој во себе го носат младите фудбалски репрезентативци на Македонија кои ова лето ќе не претставуваат на Европското првенство во Полска.
„Реки“ деца, симпатизери, навивачи попладнево се појавија во комплексот „Куќа на фудбалот“ на ФФМ каде имаа можност за едночасовна дружба со своите „херои“… Незаборавни фотографии со селекторот Благоја Милевски, па Бабунски, Николов, Шишковски, Демири, Велковски, Зајков, Мурати, Алексовски, Кире Маркоски…, разменета и по некоја фудбалска „финта“ на терен. сигурно се моменти за загревање на атмосферата пред настапот на шампионатот во Полска.
Младите фудбалски репрезентативци веќе со самиот пласман на ЕП демонстрираа дека носат нескриена светлина за нашата фудбалска иднина, а денеска во Скопје само уште еднаш беше потврдено дека се обединувачка сила, „магнет“ за секој искрен вљубеник во фудбалската игра, од најмладо до најстаро…
[new_royalslider id=”544″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА