Македонските репрезентативци веднаш по вчерашното пристигнување во Сопот активно ги продолжија подготовките за настапот на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска.
Избраниците на Благоја Милевски беа пречекани со топло добредојде од менаџерите на луксузниот хотел „Мериот“ во Сопот, кој ќе биде базата за време на престојот во Полска, но беа пречекани и бројни фанатици на фудбалот кои посакаа фотографии и автограми и од македонските репрезентативци.
Интересно добредојде од домаќините во Полска имаше за националниот тим и за менаџерот на репрезентацијата Зоран Зафиров, со специјален предизвик доколку на 17. мај во Гдиња се совлада Шпанија на првиот наш натпревар на шампионатот…
Македонските репрезентативци, како што велат, и сите заедно се подготвени да го исполнат ова барање на домаќините доколку се совлада Шпанија во сабота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА