Херој на АО: Има осум прсти, а лекарите и кажале да се откаже од тенисот (ВИДЕО)

Херој на неделата дефинитивно е Франческа Џонс, која обезбеди пласман на тенискиот турнир во Австралија. Спортската јавност ја воодушеви нејзината игра и борбеност, бидејќи успеа да стане првата тенисерка што стигна до грен слем турнирот со ваков проблем – родена со вродена аномалија, поради што има само четири прста на двете раце, три прста на едната и четири на другата нога.

Многумина би се откажале од спортот, но не и Франческа, 20-годишна тенисерка има претрпено 10 операции, нејзиниот најдобар пласман е 241. место на ВТА-листата.

„Стојам на она што веќе го кажав, а тоа е дека гледам позитивно на мојот недостаток. Никогаш не ме обесхрабруваше аномалијата, морав да работам многу повеќе на физичка подготвеност поради тоа. Лично, мојот предизвик беше да се доведам во врвна форма за да го намалам ризикот од повреда“, заклучи Џонс.

Кога имала само осум години, лекарите и рекле дека треба да заборави на тенисот. Но, денес следува демант, бидејќи Џонс сега може да ја видат на ТВ преносот на Австралија опен, па да се уверат дека погрешиле во нивната проценка.

Се вчитува...