Херој на сезоната: Капитенот на Осогово брзна во плач по испаѓањето во Третата лига (ВИДЕО)

Колку боли фудбалот за искрените вљубеници во него повеќе од доволен пример е капитенот на Осогово, Тоше Манов.

Манов, без сомнение, е вистински херој за кочанци, фудбалер кој се издвои и генерално во второлигашката конкуренција со 18 постигнати гола, кои сепак не го спасија неговиот тим од испаѓање од второлигашкото друштво.

Осогово се сели во понизок ранг на натпреварување, а Манов не можеше да ја сокрие болката брзнувајќи во плач по завршувањето на вчерашното последно коло од Втората лига – Исток…

Се вчитува...