Херојот Белингем: Најмногу уживам кога давам голови за Англија

Џуд Белингем не го криеше задоволството по извонредното издание на синоќешниот меч со Србија, на кој токму асот на Реал Мадрид беше човек на одлука постигнувајќи го победникиот погодок по само 12 минути игра.

Белингем има зад себе неверојатна дебитантска сезона во Реал Мадрид, на која сега се надоврзува со маестрален меч на отворањето на ЕВРО 2024 за својата репрезентација.

„Победивме и тоа е најважно, јас уживам играјќи фудбал, мислам дека тоа е очигледно. Најмногу од се уживам кога давам голови за Англија, уште повеќе кога тоа се победнички погодоци. Денеска воопшто не ни беше лесно, Србија беше незгоден ривал, но ние го покажавме нашиот квалитет. Во првото полувреме докажавме дека можеме да му дадеме гол на секој ривал, во второто дека имаме одбрана со која нема да примиме гол од противникот, без разлика кој е од другата страна. Јас го дадов голот, но тоа беше една фантастична тимска акција. Се чувствувам одлично играјќи во средниот ред, да бидам крај Трент ми е големо задоволство, тој ми дава слобода да се движам напред кон противничкиот шеснаесетник. Секако, тука е и Деклан Рајс, кој дава стабилност и цврстина на целата репрезентација“, прокоментира англискиот херој на прес-конференцијата по синоќешниот натпревар.

Се вчитува...