Рома по десет години пауза повторно ќе биде дел од четврт-финалето во Лигата на шампионите, а најзаслужен за тоа е Един Џеко, стрелецот на победничкиот гол на вечерашниот погодок против Шахтјор. За Џеко во текот на јануарскиот преоден рок постоеше сериозен интерес од Челси, за тој на крајот самиот да пресече и да остане во Рим.
„Останав во Рома за вакви натпревари, игравме одлично во првиот дел од сезоната и не сакав да го пропуштам осминафиналето. Сега сме меѓу осумте најдобри, првпат за Рома по пауза од десет години, што доволно говори за големината на успехот. Горди сме на оваа победа, ќе уживаме во четврт-финалето со кого и да играме, а едно е сигурно, не се плашиме од никого“ – изјави Џеко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА