Херојот Галевски: Неверојатно чувство, да бидеме во куп-финале

Иван Галевски цел живот ќе го памети вечерашното полуфинале од Купот на Македонија меѓу Алкалоид и Вардар, на кој младиот голман ја имаше улогата на херој.

Вардар имаше пенал за израмнување во последната секунда, но Галевски блесна запирајќи го седмерецот на Срдановиќ, негов трет одбранет пенал во полуфиналето, со што му ја донесе победата на својот. Суперталентираниот чувар на мрежата во изјавата по мечот остана максимално скромен, делејќи ја заслугата за пласманот во финалето со сите гроиачи од Алкалоид.

Ова ни е втор фајналфор во клупската историја, чувсњтвото е неверојатно што по првпат се пласираме во големото финале. Благодарност до момците што гинеа, да не беше нивната помош немаше да славиме.

Бевме доволно стабилни и сконцентрирани во одредени моменти од полуфиналето, тоа се покажа како клучен фактор. Сите сме пресреќни“, изјави Иван Галевски.

Се вчитува...