Македонските млади ракометари до 20 години се новите македонски херои кои прикажаа извонредна игра, но и голема борбеност и пожртвуваност на Европското првенство кое изминатиот прериод се одржа во Словенија.
Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ на шампионатот во поранешната југословенска држава забележаа четири победи, две ремиња и само еден пораз со што го завршија настапот на деветтата позиција пред селекции како Франција, Хрватска, Унгарија, Србија, Полска, Словенија…
Еден од најдобрите наши поединци на шампионатот, неверојатниот голман, Иван Галевски вели дека е задоволен од шампионатот, но и дека многу малку им требало за уште поголем успех.
„Изигравме машки осум натпревари и само со еден пораз завршивме на деветтото место. Исто и како минатата година одлучуваше една топка за влез во ТОП8, можеби ни фалеше малку среќа, но што е тука е. Нашиот последен збор ќе го кажеме на Светското првенство наредната година во Полска“, изјави Галевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА