Хари Мегваер предолго време е критикуван за серијата „киксови“ во дресот на Англија и на Манчестер Јунајтед, но дефанзивецот синоќа конечно ги дочека своите „пет минути на слава“, откако го постигна победничкиот гол на дуелот со Копенхаген.
Јунајтед мораше да слави ако сака да ги задржи шансите за пласман во осминафиналето, „црвените ѓаволи“ предолго се мачеа против данскиот шампион, за на крајот токму Мегваер да го постигне победничкиот гол.
„Ова беше многу тешка година за мене, премногу работи се случуваа, но продолжив да работам напорно, да не се откажувам и да чекам да добијам шанса. Мислам дека одиграв добар меч и пред голот, а кога веќе ми се укажа шанса… центаршутот на Ериксен беше толку добар, знаев дека од толку блиску не смеам да промашам. Чувството кога топката влезе во мрежата, кога целиот стадион скокна беше навистина неверојатно… Сепак, посреќен сум што победивме незгоден ривал во Лигата на Шампионите отколку за мојот гол, тимскиот успех секогаш го ставам пред индивидуалниот“, изјави Мегваер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА