Мирко Ивановски и по преспиената ноќ останува еуфоричен по извонредниот погодок во самиот финиш со кој му ја донесе победата на Пелистер на вечното дерби на мак-фудбалот против екипата на Вардар.
Искусниот голгетер се најде на вистинско место во вистинско време и мајсторски реализираше крај голманот Гачевски, предизвикувајќи еуфорија меѓу домашните навивачи на преполниот стадион во Битола.
Ивановски попладнево на својот инстаграм профил голот и победата ги посвети на верните навивачи на Пелистер.
„Каква ноќ, каков празник на градот, каква атмосфера, колку емоции, колку народ… Битола, Битолчани, „Чкембари“ ова е за вас…Фала за се“, напиша Мирко Ивановски на својот инстаграм-профил.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА