Кенан Јилдиз ја имаше улогата на херој во таборот на Јуве на денешното дерби против Интер, откако помогна неговиот тим да се врати од негатива од два гола и да стигне до бод (4-4).
Турскиот суперталент влезе во игра при 4-2, успевајќи два пати да го совлада Зомер и да донесе огромна радост на „црно-белите“ од Торино. Јилдиз по мечот остана максимално скромен, пофалбите насочувајќи ги кон целата екипа.
„Ова се натпревари на кои морате да докажете дека сте екипа, дека имате карактер на силен колектив. Кога беше најтешко, Јуве докажа дека е тим и јас сум пресреќен поради тоа. Влегов на теренот полн со енергија, ми се укажаа шанса и пресреќен сум што успеав да ги искористам. Голема боагодарност до целата екипа, до семејството, исто така и до тренерот. Тој има тешки одлуки што ги носи за секој меч, не ми пречеше што бев резерва, само бев среќен што можам да влезам и да заиграм. Тоа што со два гола му помогнав на тимот да освои бод на овој тежок терен ме прави уште посреќен“, истакна Јилдиз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА