Лаутаро Мартинез ја имаше улогата на херој на Интер на градското дерби против Милан, дуел што „нероаѕурите“ го добија со минимални 1-0 и се зацврстија на второто место на табелата. Аргентинецот го постигна победничкиот гол по корнерот со Чалханоглу, негов седми во кариерата против „росонерите“, со што е втор најдобар стрелец на Интер на градските пресметки, зад Стефано Ниерс со 11.
Лаутаро беше и капитен на Интер на овој натпревар откако тренерот Инзаги му ја одзеде лентата на Шкринијар по договорениот трансфер во ПСЖ, a аргентинскиот голгетер одлично одговори на предизвикот да ги предводи „нероаѕурите“ во овој значаен дуел.
„Беше фантастично, навистина фантастично. Пресреќен сум бидејќи уште еднаш покажавме, играјќи одличен фудбалер, дека Милано е сино-црн град. Да се биде капитен на Интер ме направи бескрајно горд, работев напорно од првиот ден кога пристигнав овде и капитенската лента ми е награда. Ова беше специјален натпревар, а ние успеавме да победиме, секако дека сме пресреќни“, изјави Лаутаро Мартинез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА