Серхио Љуљ не го криеше воодушевувањето по новата европска круна освоена во дресот на Реал Мадрид, откако токму шпанскиот ветеран ги постигна клучните поени за победа во драматичното финале против Олимпијакос.
Во изјавата по мечот тој му се заблагодари на тренерот Матео за укажаната доверба токму нему да му биде доверен последниот шут, иако Љуљ до тој момент немаше ниту еден постигнат поен во финалето.
„Ова беше одличен меч. Знаевме дека ќе биде тешко, но ние сме таков тим, се бориме и чекаме да ни се укаже шанса… а кога тоа ќе ни се укаже речиси секогаш ја користиме. Искрена благодарност до тренерот и до соиграчите, кои ми веруваа и ми даде можност да го решам мечот. Не беше лесен оној последен шут преку Фал, но знаев што треба да направам. Штом видов дека се повлекува само се кренав на скок-шут… Фал беше надвор и дури и ако промашев Таварес најверојатно ќе ја фатеше топката, но подобро е што заврши вака“, изјави Љуљ по големото финале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА