Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски, без сомнение, е најзаслужниот за првата победа на Е. Пелистер сезонава во Лигата на шампионите.
„Пелистерци“ заслужено триумфираа на гостувањето против Фредериција во Данска со 23-25, носени на крилјата на Митревски кој мечот го заврши со 15 интервенции, од кои и два седмерци.
Но, како и секогаш скромен, Митревски заслугата за триумфот ја насочува кон целиот тим.
„Честитки до соиграчите за победата, навистина покажаа силна борба пред се во вториот дел кога и ја освојувавме победата. Во првото полувреме не бевме на посакуваното ниво, додека во второто полувреме заигравме многу подобро и така остана до самиот крај“ – истакна Митревски по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА