Англија го слави Оли Воткинс, 28-годишниот напаѓач на Астон Вила кој во полуфиналниот натпревар против Холандија влезе од клупата и десет минути покасно со гол го одведе „Гордиот Албион“ во големото финале каде ќе има шанса да стигне до првиот европски трофеј во историјата.
Напаѓачот во пресрет финалето на интересен начин ја прокоментира и изјавата на капитенот Хари Кејн кој ја опишуваше „победничката аура“ која ја води Англија уште пред полуфиналето со Холандија.
„Ние сме како Реал Мадрид во Лигата на Шампиони. Згодно ни е и без топка, имаме самодоверба дека ќе постигнеме гол штом ја добиеме топката во наши нозе. Дефинитивно е тешко да не победиме. Нам ни треба таа една шанса и можеме да го решиме натпреварот. Не е важно дали играме лошо, го имаме талентот на светска класа каде можеме да се појавиме од никаде и да постигнеме гол“, вели Воткинс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА