ЕКИПА во Букурешт,
Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски
Македонија загуби од Австрија со 1-3 во првиот натпревар на Европското првенство. Херојот на Австријците Михаел Грегорич кој во 78. минута го постигна голот за водство од 1-2 не ги задржа емоциите по крајот на натпреварот.
„Денеска е 35 роденден на мојот брат. Имав тешка година. Оваа победа им ја посветувам на сите кои веруваа во мене. Моето семејство и мојата девојка. Ова беше светски“, изјави Грегорич по вчерашниот меч.
Во второто коло Македонија ја очекува натпревар против Украина, додека Австријците ќе играат со Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА