Името на Алберто Брињоли ќе остане запишано во историјата на Беневенто како стрелец на голот со кој оваа екипа го освои првиот бод во историјата во елитното италијанско фудбалско друштво. Иако голман, тој втрча за да помогне во 95. минута од дуелот со Милан, а судбината сакаше токму младиот чувар на мрежата да го матира Донарума за еуфорија на стадионот на Беневенто.
„Не можам да поверувам што се случи. Имаше фаул и некој од клупата ми викна да одам во шеснаесетникот. Само скокнав и ги затворив очите, секако дека полудев од среќа кога видов дека топката заврши во мрежата. Сезонава во неколку наврати губевме бодови во судиското продолжение, ова беше идеален начин да возвратиме и да им донесеме радост на нашите навивачи“ – изјави Брињоли по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА