Херојот на Челси ги „закачува копачките“

Легендарниот голгетер на Челси, Дидие Дрогба одлучи да стави крај на својата 20-годишна кариера по завршувањето на новата сезона во УСЛ – лигата. Екс-репрезентативецот на Брегот На Слоновата Коска моментално настапува за Феникс рајсинг во втората по ранг лига во САД, а сезоната 2018 ќе биде негова последна.

„Следната года ќе ја играм мојата последна сезона во кариерата. Дојде моментот кога едноставно морам да си кажам „СТОП“. Ништо повеќе на светов не ме прави среќен од играњето фудбал, но на 39 години се чувствувам истоштено по секој натпревар. Моментално сакам да имам повеќе време за моите проекти“, истакна Дрогба.

Екс-фудбалерот на „сините“ од Лондон остава богата кариера зад себе. При неговиот долгогодишен престој на „Стемфорд бриџ“ се закити со четири титули во Премиер – лигата, четири ФА и три Лига купови, а секако трофејот од Лигата на шампиони за кој самиот Дрогба е најсзасжувен.

По второто заминување од Челси, Дрогба две сезони настапуваше за тимот на Монтреал во МЛС – лигата, додека за Феникс рајсинг сезонава одигра 13 натпревари на кои постигна девет гола.

За потсетување, израмнувачкиот погодок и пеналот за освојување на европскиот трон против Баерн Минхен, на „Алинац“ арената.

https://www.youtube.com/watch?v=xpmqS9FMdvY&t=310s 

Се вчитува...