Јан Вегхорст ужива во улогата на херој од клупата на Холандија, откако корпулентниот голгетер беше човек на одлука и на денешниот нaтпревар против селекцијaта на Полска.
Тој влезе во игра во 81. минута на местото на Коди Гакпо, а само две минути и 18 секунди подоцна се најде на вистинското место и со прецизен удар донесе огромна победа на „лалињата“. Вегхорст беше еуфоричен по последниот судиски свиреж, најавувајќи дека Холандија по оваа тешка победа е подготвена да го нападне и големиот пехар на овој европски шампионат.
„Многу е важно да се дојде до победата на првиот натпревар, ние се боревме и ја остваривме таа цел. За мене лично, ова е сценарио од соништата, видов како топката тргнува внатре кон петерецот и тргнав… стигна до мене, шутнав најдобро што знаев и погодив… Радоста кај сите е огромна, притисокот сега ќе биде помал. Следна цел ни е да ја освоиме титулата на ЕВРО 2024“, нескромен е во амбициите холандскиот херој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА