Херојот на Италија од Светското првенство 1990, Тото Скилачи се наоѓа во тешка состојба во болницата во Палермо.
Поранешниот играч на Месина, Јувентус и Интер се бори со тумор на дебелото црево кој метастазирал, а покрај тоа е болен и од тешко воспаление на белите дробови, поради што е приклучен на респиратор. Како што соопшти неговото семејство неговата состојба е крајно загрижувачка.
„Ве известуваме дека Тото е под постојан лекарски надзор, ден и ноќ. Биди силен Тото“ – напишаа на социјалните мрежи.
Сега 59-годишниот Скилачи, на СП 1990 го воодушеви светот засенувајќи го и големиот Диего Армандо Марадона. Иако беше во втор план, се наметна со шест гола и ја освои „Златната копачка“ како најдобар стрелец на турнирот. Интересно е дека освен тие шест гола на СП, за Италија погоди потоа само уште еднаш во кариерата.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА