Херојот на Кристал Палас со еден потег ги освои срцата на навивачите (ФОТО)

Херојот на Кристал Палас во финалето од Комјунити шилд, голманот Дин Хендерсон само неколку часа откако го предводеше својот тим до титула повторно ги воодушеви навивачите на лондонскиот тим честејќи ги присутните во локален бар со пијалок.

Во локалниот паб се појавил со медалот околку врат и како што пренесуваат англиските медиуми оставил 1000 фунти со цел да го плати пијалокот на сите присутни.

Бројни навивачи ги искористиле и моментот да се сликаат со ѕвездата на Кристал Палас па бројни фотографии се најдоа и на социјалните мрежи.

Се вчитува...