Њукасл Јунајтед го освои првиот трофеј во Англија по 60-годишен пост откако во финалето на купот Карабао славеше над Ливерпул со 2-1.
Еден од хероите на тимот од северот на Англија беше Ден Берн кој во 45. минута ја затресе противничката мрежа. Задоволството од освоениот трофеј воопшто не го криеше.
„Имав и полоши недели во животот. Не сакам да спијам, се чувствувам како да сонувам и не сакам сонот да заврши“, изјави Берн.
„Чудно е чувството, не сум навикнат да освојувам трофеи и сега не знам како да се однесувам, само знам дека чувството е прекрасно. Ќе бидам прв на тренинг во осум часот наутро“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

