Голманот на Португалија, Диого Кошта стана херој на мечот против Словенија, откако одбрани две чисти топки во 120 минути, а потоа и три удари во пенал рулетот. По подоброто изведување на пенали (3-0) пласман во четвртфиналето обезбеди Португалија.
Една од најголемите шанси во мечот беше во 115. минута кога Бенјамин Шешко излезе еден на еден со Кошто, откако му побегна на Пепе. Сепак, голманот на Португалија успеа да го одбрани неговиот удар.
„Кога го одбранив ударот на Шешко во продолжението, знаев дека морам да го сторам тоа. Го прочитав неговиот говор на телото и успеав да му помогнам на тимот“, изјави Кошта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА