ПСЖ со одлично издание стигна до голема победа на гостувањето против Барселона, а играчите на европскиот првак по мечот не заборавија на провокациите што пред дуелот доаѓаа од главните играчи на каталонскиот гигант.
Ламин Јамал беше нагласен во коментарите и објавите по социјалните мрежи, најавувајќи дека „ќе покаже дека е најдобар во светот“ откако ја загуби трката за „Златната топка“ од Дембеле, кој настапува за ПСЖ, но поради повреда не беше дел од тимот на синоќешниот меч.
„Ние сме европски прваци, зарем треба да додадам уште нешто. Ако мислиш дека си најдобар, тоа треба да го докажеш на терен, а не само да зборуваш“, изјави Гонсало Рамос, херојот на ПСЖ кој го постигна победничкиот гол на „Монжуик“.
„Често се даваат изјави пред натпревари, но ние не се осврнуваме премногу на тоа. Само сакаме да излеземе на терен, да одиграме најдобро што знаеме и да победиме… Среќни сме поради тоа“, се надоврза Португалецот Витиња, кој одигра уште еден маестрален меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

