Фудбалерите на Шпанија во петокот станаа првите полуфиналисти на Европското првенство, откако по продолженијата ја совладаа репрезентацијата на Германија со 2:1 и со тоа го оправдаа епитетот на селекција која покажа најмногу од почетокот на турнирот.
Дани Олмо му донесе предност на тимот во 51. минута, во 89. Флоријан Вирц го одведе мечот во продолжение, а вистинската драма ја заокружи Микел Мерино со гол во 119. минута.
Фудбалерот на Реал Сосиедад го постигна само вториот гол во кариерата за Шпанија, но тоа го направи на место кое има посебно место во неговото семејство – Штутгарт.
Неговиот татко Анхел Мигел Мерино остави најдлабока трага во текот на кариерата во Осасуна и Селта, а токму во клубот од Памплона доби шанса да игра на германско тло. Тоа беше на 5 ноември 1991 година, во второто коло од Купот на УЕФА.
По 0:0 од Шпанија, Осасуна победи со 3:2 на гостински терен и помина понатаму. Голот за 2:0 беше дело на таткото на момчето кое во петокот стана херој.
Дека Микел Мерино знаеше што прави, говори податокот дека го прослави голот идентично како неговиот татко.
🚨😱 ¡MUCHA ATENCIÓN A ESTO!
Mikel Merino ha marcado en el MISMO ESTADIO que su padre hace 33 años y ha hecho la MISMA CELEBRACIÓN
¡Y eso no es todo! MISMO COMENTARISTA, DON JUAN CARLOS RIVERO pic.twitter.com/pgiDuB8Wg1
— Post United (@postunited) July 5, 2024
🇪🇸 Mikel Merino
¡Qué gran historia!
🔝Héroe de España en la victoria
2-1 sobre Alemania en Stuttgart.Honró y recordó a su padre, Miguel
Merino Torres (en el festejo en el
banderín de córner), quien también
marcó con el Osasuna en ese mismo
estadio alemán hace 33 años. pic.twitter.com/xuzAnExvWe— Xavi Sol (@XaviSol_) July 5, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА