Херојот на Швајцарција: Французите станаа премногу арогантни, она што ние го направивме е лудо…

Швајцарија ги слави своите спортски херои откако оваа репрезентација синоќа во извонреден меч го елиминираше светскиот првак Франција и се пласираше во четвртфиналето од ЕВРО 2020. Успехот е уште поголем ако се знае дека во овој супердраматичен меч „триколорите“ влегоа во завршните десете минути со предност од 3-1, но Швајцарија успеа да се врати, со голот на Гаврановиќ во 90. минута да го израмни резултатот, а потоа во пенал-рулетот да го елиминира големиот фаворит.

Херој дефинитивно беше голманот Јан Зомер, кој во петтата серија го одбрани ударот на Килијан Мбапе и ја одведе својата селекција во четвртфиналето, каде ја очекува дуел со Шпанија.

„Ова беше неверојатна фудбалска вечер. Она што го направивме е лудо, но заслуживме да минеме понатаму бидејќи одигравме храбро до последната секунда, во ниту еден момент не се исплашивме од нив. Французите се многу силна репрезентација, но станаа и арогантни на теренот, а ние го искористивме тоа за дополнителна мотивација. Ми доаѓа да заплачам од среќа“, прокоментира Зомер по натпреварот.

Се вчитува...