Херојот на Турција доби жестока казна од УЕФА

УЕФА жестоко го казни херојот на Турција во победата над Австрија во осминафиналето на Европското првенство 2024, Мерих Демирал поради покажување терористички симболи.

Демирал ги постигна двата гола во победата од 2-1 над Австријците, притоа прославувајќи ги со поздравот на „сивите волци“, односно симболот на десничарската екстремистичка иделогија.

Па, Демирал доби суспензија од два натпревари од УЕФА и нема да може да и помогне на својата селекција во четвртфиналната пресметка против Холандија. Па, ако Турција се пласира во полуфиналето, Демирал и на тој дуел нема да може да и помогне на својата репрезентација.

Се вчитува...